Skip to main content
Музика

Nick Cave, еден од најголемите и најзначајните на нашето време на 22 август доаѓа на Skopje Calling 2025!

01/04/2025  12:59

Каков е и каков бил животот зависи од тоа кои ти биле и се’ уште се твои современици.
Ние не можеме да се пожалиме во тој сегмент.
А, некогаш, и најубавиот сон станува реалност, иако, често и реалноста знае да биде нереална.
Денес, со големо задоволство најавуваме концерт кој Скопје, Македонија а и самите ние долго време го чекавме.
Па така, веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник NICK CAVE, во склоп на својата NICK CAVE SOLO турнеја доаѓа во Скопје, придружуван од басисот на Radiohead, Colin Greenwood (да, Radiohead драги наши, член на еден од најиновативните и најважните бендови вчера, денес и утре) на 22 АВГУСТ во срцето на Скопје – под ѕвезденото небо на зелениот СТАДИОН НА АРМ, со почеток од 20 часот, велат од Авалон!

Nick Cave доаѓа со своите песни да ја испее и отсвири, и со тоа и да ја испише најинтимната и емотивно најискрената страница во сепак богатата книга на светската концертна историја на Македонија.
Како што вели магазинот Beat, концертите на Nick Cave со Colin Greenwood го надминуваат обичниот entertainment и оставаат неизбришлива трага врз сите оние кои ја имаат можноста да бидат дел од нив.

Македонија ќе ја има ретката ексклузивна можност да го гледа NICK CAVE во живо во неговата најинтимна и најсуштинска форма на 22 август на Стадионот на АРМ!

Влезниците ќе бидат во продажба од УТРЕ (среда, 2 април) со почеток од 10 часот наутро онлајн на https://avalonbooking.mk/ и во продажната мрежа на karti.com.mk ширум Македонија!

Повеќе информации околу влезниците, нивните категории и цени ќе бидат објавени вечерва во 19 часот на нашите платформи, додаваат од Авалон.

God is officially in the house!