Skip to main content
Македонија

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

12/09/2025  10:04

Денес и утре (петок и сабота 12/13 септември) во нашата Република Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните  и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) под влијание на Атмосферски фронт од север ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата  и создавање на влажни и нестабилни воздушни бранови.

Тоа значи дека во недела (14 септември) во попладневните, вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) на повеќе места во нашата Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на локално невреме. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 15 литри дожд на метар квадратен).

И во Скопје  и околината следува краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните, вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме во делови од котлината.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.