Skip to main content
Скопје

Независен студентски сојуз: Утрешниот собир не е откажан, се шират лажни и тенденциозни шпекулации

23/03/2025  15:33

“Сакаме јасно да кажеме дека собирот не е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни“ реагираат од Независниот студентски сојуз на УКИМ.

Претходно во текот на денот одредени медиуми објавија дека НСС го откажува утрешниот собир поради партиско мешање, но сега следи демант на таквите објави.

Како што велат од НСС, пленумот ќе се одржи како што е планирано, утре во 13 часот на платото на УКИМ.

Претходно и од иницијативата „Кој е следен?“ демантираа дека објавениот видео-разговор на група студенти и девојка од Србија е поврзан со нивната иницијатива. Тие велат дека немаат никаква поврзаност со тој повик, ниту се вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организирања.

„Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја“ велат од иницијативата.