
Невремето повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми.
Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо, пренесе агенцијата Анса.
Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има затрупани луѓе.
Бурата Херминио донесе обилни врнежи и снег во Шпанија, како и силен ветер, а во невремето се повредени три лица, додека 13.000 луѓе останаа без струја во провинцијата Галиција, јавија шпанските медиуми.
Невремето донесе и големи бранови кои достигнуваат висина и до 12 метри, пренесува Кадена Сер.