
Стапката на невработеност во Германија во декември изнесувала 6,2 проценти, а бројот на лица без работа е зголемен за 3.000 во однос на октомври, достигнувајќи вкупно 2,908 милиони, покажуваат најновите податоци на германската Федерална агенција за труд (BA). На годишна основа, бројот на невработени е зголемен за 101.000 лица во споредба со декември 2024 година, додека стапката на невработеност е повисока за 0,2 процентни поени.
На денешната прес-конференција во Нирнберг, директорката на Федералната агенција за труд, Андреа Налес, оцени дека германскиот пазар на труд се соочува со недостиг на економски замав и дека се очекува продолжување на слабите трендови. „Во моментов не се забележува значително зајакнување на економската активност, што директно се одразува врз состојбата на пазарот на труд“, истакна Налес, додавајќи дека економската неизвесност и натаму влијае врз процесите на вработување.

