Skip to main content
Uncategorized

Невозможна мисија: Ѓорѓиевски со Вучиќ и со ЕГЗИТ во исто време?

09/09/2025  12:30

Веста дека Орце Ѓорѓиевски ќе се појави како домаќин на EXIT во Скопје ја отвори дилемата дали ВМРО-ДПМНЕ ја напушта блискоста со српскиот претседател Александар Вучиќ или, пак, се работи за политичка манипулација.

EXIT во 2025 година ја најави својата последна изведба во Нови Сад. Како причина за заминувањето, организаторите наведоа „недемократски притисоци“ и укинување на државната поддршка, откако јавно застанаа зад студентските протести против српската влада.

„Слободата нема цена. Со овој чекор го браниме правото на слободен израз,“ рече основачот на EXIT, Душан Ковачевиќ, додавајќи дека „владеењето преку страв не е пат за Србија“.

Токму овие зборови ја нагласуваат суштинската спротивност меѓу EXIT и Вучиќ. Спротивност во која сега се наоѓа и Орце Ѓорѓиевски – политичар кој е идентификуван како близок до Вучиќевиот круг, а во исто време сака да го претстави EXIT како проект што ќе се реализира во Скопје.

Оваа позиција го отвора прашањето за двојните аршини: дали Ѓорѓиевски може истовремено да биде сојузник на Вучиќ и партнер на фестивал кој го напушта токму неговиот режим? И уште поважно – дали оваа контрадикција ја отсликува вистинската природа на политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ?