Skip to main content
Македонија

Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас

02/07/2025  18:56

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека целта на Израел е целосно елиминирање на милитантната палестинска група Хамас.

Ова е неговата прва јавна изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи 60-дневно примирје во Појасот Газа.

– Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Нема да отстапиме. Точка, рече Нетанјаху.

Трамп вчера изјави дека Израел го прифатил американскиот предлог за прекин на огнот.

Во меѓувреме, Хамас соопшти дека го разгледува најновиот предлог на посредниците за прекин на огнот, кој предвидува крај на воените дејства и повлекување на израелските сили од Газа.