Skip to main content
Свет

Нетанјаху: Остануваме на планината Хермон додека не се постигне нов договор

18/12/2024  11:13

Израел ќе остане на стратешка локација, планината Хермон на сириската граница, додека не се постигне друг договор, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелските сили ја окупираа планината Хермон по падот на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад овој месец, влегувајќи во демилитаризирана зона меѓу Сирија и Голанската висорамнина, претходно окупирана од Израел.

Официјални лица го опишаа потегот како ограничена и привремена мерка за обезбедување на границите на Израел, но не посочија кога армијата би можела да се повлече, а министерот за одбрана Израел Кац минатата недела им нареди на војниците да се подготват да останат на планината Хермон во текот на зимата.

Вчера Нетанјаху отиде на локацијата на оперативен брифинг со воените команданти и безбедносните службеници.

„Ние ја задржуваме оваа проценка за да одлучиме за распоредување на ИДФ на оваа важна локација додека не се најде друг договор кој ќе овозможи безбедност за Израел“, рече тој во изјавата објавена од неговата канцеларија доцна синоќа.

Преминот на Израел во тампон зоната создадена по арапско-израелската војна во 1973 година беше критикувана како кршење на меѓународните договори од многу земји и Обединетите нации, кои повикаа на повлекување на израелската армија.