Skip to main content
Свет

Нетанјаху: Одлуката на Трамп за нападот врз Иран ќе ја промени историјата

22/06/2025  08:05

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска рано наутро изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне иранските нуклеарни постројки „ќе ја промени историјата“.

„Честитки, претседателе Трамп. Вашата храбра одлука да ги гаѓате иранските нуклеарни постројки со сила која е и моќна и праведна – ќе го промени текот на историјата“, рече Нетанјаху во видео изјава.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД извршиле воздушни напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки: Фордо, Исфахан и Натанц.