Skip to main content
Свет

Нетанјаху му нареди на Израел да се подготви за војна со Иран

18/02/2026  21:23

Во неколку израелски безбедносни агенции е прогласена состојба на „максимална готовност“, јавуваат медиумите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на Командата за цивилна заштита на Израел да се подготви за можна војна со Иран, објавија израелските медиуми во среда вечерта.

Нетанјаху издаде директиви до „различни спасувачки служби и Командата за цивилна заштита да се подготват за војна“, објави дневниот весник „Једиот Ахронот“ .

Весникот додаде дека „ во неколку израелски безбедносни агенции е прогласена состојба на максимална тревога“.

Исто така, израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН соопшти дека состанокот на Кабинетот за безбедност закажан за четврток на кој ќе се разговара за развојот на настаните во врска со Иран е одложен за недела, без да даде дополнителни детали.