
Израелскиот премиер изјави дека израелската армија нападнала железнички линии и мостови во Иран, бидејќи патна инфраструктура се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
– Вчера, нашите пилоти уништија транспортни авиони и десетици хеликоптери во иранска воздухопловна база. Денеска тие нападнаа железници и мостови што ги користи Корпусот на Исламската револуционерна гарда, наведе Нетанјаху.
Според Нетанјаху железниците биле користени од страна на ИРГЦ за испорака на материјали за производство на оружје, како и за транспорт на оружје и воен персонал.

