Skip to main content
Македонија

Нестабилно време со интензивни врнежи од дожд во текот на ноќта

27/03/2025  14:48

Времето до крајот на денот, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

Најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите подрачја процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 л/м2) појава на грмежи и силен ветер.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, поинтензивен во текот на ноќта.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со грмежи и засилен ветер.