Skip to main content
Хроника

Несреќа на автопат во изградба кај Гостивар – почина 60-годишен работник

23/08/2025  12:55

На 22 август 2025 година, околу 17:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека при извршување градежни работи на автопат во изградба, во атарот на селата Ѓоновица и Симница, трагично починал 60-годишниот Д.П. од село Врапчиште, општина Врапчиште.

Според информациите од МВР, несреќата се случила за време на работни активности за приватна фирма ангажирана на теренот. Лекар од приватна здравствена установа ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Случајот е пријавен и ќе биде целосно документиран од надлежните институции.