Skip to main content
Хроника

Нерегистрирано оружје откриено во стрелачки клуб во Прилеп

22/05/2025  14:27

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки не биле читливи фабричките броеви, а дел од оружјето кое го има во клубот не било регистрирано во системот за регистрирање и управување со оружје во МВР.