
Повеќе медиуми известуваат дека пред малку е уапсен директор на специјализирана болница во Скопје.
Според неофицијалните информации до кои дојде Курир станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.
Како што дознава Курир, тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.
Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.