
Министерството за животна средина соопшти дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), во периодот од 10 до 12 септември не се регистрирани надминувања на граничните вредности за сулфур диоксид (SO₂), азот диоксид (NO₂), јаглерод моноксид (CO) и озон (O₃).
Надминувања се забележани само кај суспендираните честички РМ₁₀ (со гранична вредност од 50 μg/m³), и тоа:
- на мерното место Лисиче, на 10 септември со концентрација од 55,93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (од 19:00 до 02:00 часот);
- на мерното место Центар, на 11 септември со концентрација од 50,41 μg/m³.
Во целина, Министерството оценува дека часовните концентрации на РМ₁₀ честичките се релативно ниски на повеќето мерни места во Скопје, со исклучок на Лисиче, каде што во ноќните и утринските часови се бележат повисоки вредности, додека попладне истите се намалуваат.