Skip to main content
Македонија

Нема да има марш оваа сабота во Кочани

29/10/2025  15:24

Оваа сабота, 1-ви ноември, нема да се одржи редовниот марш, соопшти Здружението на граѓани „16 Март“ на својата официјална страница на Фејсбук.

„Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително,“ информираат од здружението.

Со оваа одлука, „16 Март“ им оддава почит на традицијата и значењето на Задушница, ден кога граѓаните се сеќаваат на своите починати блиски.