Skip to main content
Uncategorized

Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

29/01/2026  10:39

Поради уличен дефект на ул.„Коперникова“ бр. 17, денеска од 9 часот без вода се корисниците од улиците „Коперникова“, „Јанко Мишиќ“, „Жарко Зрењанин“, „Малешевска“ и „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување со санација на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.