Skip to main content
Хроника

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс

07/10/2025  12:59

Неготинец е тешко повреден на работното место.

– Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, неготинско, известија од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.