Skip to main content
Македонија

Неделава ќе имаме топло време, во среда и четврток повторно врнежи и невреме

01/09/2025  10:12

Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот кои ќе бидат натпросечно високи, но сепак, тие ќе бидат значително по умерено високи и по издржливи што е нормално за овој период од годината и тоа поради тоа што полека но сигурно наближуваме во есенскиот период од годината кога денот е се пократок а ноќта се подолга.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак, поради фротнална долина со поладен воздух на висина која од северозапад ќе се спушти преку алпскиот регион кон нашиот дел од Европа, во среда и во четврток (3 и 4 септември) во нашата Македонија повторно ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата и зголемување на облачност. Токму ова ќе услови на повеќе места да имаме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, тоа значи дека повторно очекувам да имаме развој на конвективни грметевични облачни јадра.

Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме слично време, со појава на нестабилност проследена со локален пороен д0жд, грмежи, засилен вете р и со услови за појава на невреме во среда и во четврток (3 и 4 септември).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 33 степени, а во четврток (4 септември) таа ќе биде пониска и ќе се искачува до околу 27 степени.