Skip to main content
Македонија

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

15/10/2025  19:26

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески.

Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање.

Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден.

ЈО мора да постапи и отвори истрага. Очекуваме одговорност за штетата.

Се надеваме дека Министерството за култура ќе направи се да ја поправи штетата направена од ДУИ и ќе ја обнови куќата на Владо Малески.