Skip to main content
Македонија, Хроника

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово – редици долги со километри на автопатот поради несреќа

20/06/2025  18:08

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село Желино, веднаш по наплатната рампа, редици долги со километри се создадоа попладнево, а сообраќајот речиси и да не мрда повеќе од еден и пол час. Автомобилите, од кои многумина се луѓе од Скопје, Велес, Куманово и од други градови, тргнати на викенд, стојат во четири ленти и беспомошно чекаат.

Поголем број возачи кои можеа или разбраа дека на патарината има долги редици, го користат алтернативниот пат од Групчин преку Желино до Тетово. Да биде ситуацијата уште посложена, Тетово и околината околу 17 часот ги зафати и силно невреме со пороен дожд и грмотевици, што дополнително го отежнува сообраќајот.

АМСМ соопшти дека сообраќајната несреќа се случила пред 15 часот, а засега нема информации за повредени.