Skip to main content
Македонија

Не само грбот, туку да се смени и химната и „20%“ за јазикот бара Касами

13/02/2025  14:03

Политичките чинители во државата изнесоа свои ставови по изјавата на премиерот Мицкоски дека е отворено прашањето за промена на државниот грб.

Градоначалникот на Тетово и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ Билал Касами, изјави дека и тој е за промена на грбот.

Но тој смета дека промената на грбот треба да влезе во поширок пакет на промени на Уставот.

„Спремни сме да зборуваме за предлог каде секако ќе се разгледува грбот, прашањето за химната, но и прашањето за други уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик на 20 отсто“, вели Касами.

Претходно денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека СДСМ жестоко ќе се спротивстави на менувањето на грбот кој според СДСМ го носи континуитетот на НОБ и антифашизмот.