
Вчера во 02 часот во СВР Скопје, В.П.(35) од Скопје, вработен во казино на подрачје на Драчево, пријавил дека на 30.04.2025 околу 22 часот во казиното, откако на малолетно лице не му бил дозволен влез во објектот, дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот.

Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.