
Скопското обивнителство поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда.
Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите родители, по што таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да и се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови.
Потоа и физички ја нападнал, започнал да ја влече со рацете за да и го земе телефонот, па потоа ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
Како резултат на семејното насилство, на осомничената и биле нанесени телесни повреди.