
До сабота (26 јули) територијата на нашата Република Македонија уште повеќе ќе подпадне под влијание на овој екстремно топол воздушен бран кој продира од југ, односно од Африка. Во ваква ситуација, температурите сеуште ќе бидат во пораст, па така максималните дневни температури на воздухот, особено овој петок и во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието.
И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до близу 45 степени.
Пред нас се исто така и тропски ноќи, тоа значи дека температурата и во текот на ноќта на многу места во нашата Македонија нема да се спушта под 20 степени.
Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Во петок и во сабота можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Повремено ќе засилува и фенски ветер од северен, а во западните предели од западен правец. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува фенски ветер претежно од северен правец.
Ув индексот и понатаму ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, но и поради екстремно високите температури на воздухот, апелирам без потреба граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Пад на температурите ќе имаме од недела (27 јули) и тоа поради продор на малку посвежа воздушна маса од север. Сепак и покрај ова, сушата во нашата Република Македонија ќе продолжи.