Skip to main content
Македонија

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП

23/12/2024  18:11

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој излезе во јавноста по несреќата и кажа дека на терен возат неисправни автобуси.

Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.

Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење, дали автобусот бил исправен. До овој момент, нема информации какви се резултатите.

Извор: Newz24live