Министерството за правда сѐ уште не побарало екстрадиција на Артан Груби и Перпарим Бајрами, бидејќи немаат потврда од МВР за нивната локација или апсење во странство. Барањето за екстрадиција може да се поднесе откако МВР ќе обезбеди таков допис.
МВР информира дека се во контакт со косовската полиција и објаснуваат дека „стоп листата“ е мерка која спречува лицето да ја премине границата, без потреба од наредба од обвинителство. Полицијата има овластувања да ги спречи лицата да преминуваат граница и да ги обезбеди без да се нарушат нивните права.
„Во однос на значењето на т.н. „стоп листа“, истата сигнализира дека одреденото лице не смее ја премине државната граница. МВР, согласно закон, има право да става лица на т.н. „стоп листа“ и без наредба од ОЈО. Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство имаат законски овластувања во текот на претходната постапка да ги обезбедат лицата и доказите, без притоа да ги нарушат правата на лицата за кои постои сомнение дека сториле кривично дело“, велат од МВР.