Skip to main content
Македонија

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа родителите на денешниот „Марш за ангелите“

06/12/2025  18:04

Денеска во Кочани се одржа уште еден „Марш за ангелите“, организиран од родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Од Паркот на револуцијата колоната тргна во 14:05 часот, помина низ центарот на градот, продолжи покрај Управата за јавни приходи и полициската станица, и заврши пред Основниот суд. Таму родителите ги повторија своите барања за правда, одговорност и целосно расветлување на случајот.

Маршот се одржа додека судењето за несреќата е во тек. Родителите нагласија дека нема да запрат со протестите сè додека институциите не обезбедат вистинска правда и соодветни санкции за виновниците.

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа тие, истакнувајќи дека судницата не смее да се претвори во „Струшки вечери на поезијата“.