
Финалната серија во Источната Kонференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи.
Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а втората ќе ја има ноќта меѓу сабота и недела кога шестиот натпревар се игра во Индијанаполис.
Њујорк до втората победа во финалето на Истокот го предводеше Џејлен Брансон, кој го заврши натпреварот со 32 поени, а Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени.
Играчот од клупата Бенедикт Матурин беше најефикасен во редовите на Индијана со 23 поени, а додаде и девет скокови.
Победникот од пресметката меѓу Индијана и Њујорк во финалето ќе игра проитв Оклахома, која го доби финалето на Западната Kонференција против Минесота со 4-1.