Skip to main content
Спорт

НБА ќе организира кошаркарски натпревар во Манчестер

16/02/2025  20:34

Националната кошаркарска асоцијација НБА е блиску до договор за организирање натпревар во Манчестер, во сала со капацитет од 23.500 луѓе, пишува британски „Тајмс“.

Ова може да се поврзе со извештаите за создавање на нов кошаркарски тим во Манчестер, во потенцијално ново натпреварување од сезоната 2026/2027.

Во реализацијата на зделката би се вклучиле и „Сити Фудбал Груп“, сопствениците на стадионот на кој ќе се игра натпреварот и сопствениците на Манчестер Сити, со можност за создавање на друг тим во Париз.

Годинава во Париз се одиграа два натпревари во НБА лигата помеѓу Спарс и Пејсерс.