Skip to main content
Спорт

НБА: Индијана поведе против Оклахома во финалето

06/06/2025  09:59

Кошаркарите на Индијана поведоа против Оклахома во финалето на американската професионална кошаркарска НБА лига, откако рано утрово победија на гостински терен со 111:110, во првиот натпревар од финалната серија.

Индијана до првиот брејк во големото финале дојде со кошот на Тајрис Халибартон на 0,3 секунди до крајот на регуларното време. Тоа беше единственото водство во натпреварот на Индијана, која имаше 15 поени негатива на девет минути и 42 секунди до крајот.

Шестмина играчи на Индијана постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасни беа Паскал Сиакам со 19 поени и Оби Таупин со 17 поени. На спротивната страна Шеј Гилџис-Александер беше најефикасен кошаркар на Оклахома со 38 поени.

Вториот натпревар се игра ноќта меѓу недела и понеделник, повторно во Оклахома Сити.