Skip to main content
Македонија

Назначени нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани – Еве кои се

26/03/2025  17:26

Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР Кочани. Промените се направени по пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа 59 лица.

MK Summit

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на 18 март ги разреши началниците на СВР Штип и ОВР Кочани со цел да се спроведе целосна истрага и без притисоци.

– Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука за разрешување на раководни лица во локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивно заменување со полициски службеници кои не се од овие места, односно се од Скопје. Ваквата одлука не прејудицира никаква вина, туку е чекор кој треба да гарантира дека процесот ќе се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија- изјави тогаш Тошковски.

Новиот началник на СВР Штип доаѓа на местото на Дејан Салтировски, кој дотогаш ја извршуваше оваа функција, додека Јаковлевски на местото на Марија Маневска.