Skip to main content
Македонија

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

28/12/2025  08:05

Наутро студено, преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.