Skip to main content
Македонија

Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!

08/09/2025  08:07

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на топла воздушна маса од југ, и во текот на оваа седмица во нашата Република Македонија ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 32/33 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност а од четврток (11 септември) па во деновите потоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на краткотрајно невреме. И во делови од Скопскиот регион од четврток (11 септември) во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во текот на оваа седмица ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец.