
Метео анализа на Славчо Попоски:
Влијанието на високиот воздушен притисок (Антициклон) продолжува и во текот на оваа седмица. Времето ќе биде стабилно и суво со релативно ладни утра и со натпросечно топли денови. Сепак по котлините и по речните долини и понатаму особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Појава на магла и на ниска облачност особено во утринските и во ноќните часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Во сабота на 20 декември ќе има позначителна облачност и појава на повремен локален дожд.
Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу и за неколку степени под нулата а прекку ден тие на повеќе места ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу 15 степени. Тоа значи дека натпросечно високите температури на воздухот за месец декември продолжуваат и во текот на целата оваа седмица.
