Skip to main content
Хроника

Наставник од Тетово пријавен за физички напад врз ученици

20/09/2025  18:32

Во СВР Тетово двајца родители, В.Д. (38) од село Џепчиште и Ф.Ф. (39) од село Долна Бањица, пријавиле дека нивните 10-годишни деца, кои учат во тетовско приватно училиште, во повеќе наврати изминатите денови, како и на денот на пријавувањето, биле физички нападнати и насилно избркани од час од страна на наставникот Ќ.А.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово. Наставникот Ќ.А. бил повикан на службен разговор, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.