
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово најави дека просветните работници од овој месец ќе добијат зголемување од седум проценти.
Тоа, дополни Мицкоски, се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година.
„Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки“ рече премиерот.