Skip to main content
Хроника

Наставничката во основно училиште во Скопје нападната од родители на ученичка, а дете нападнато од соученик во Чаир

28/02/2025  16:11

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.

МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така вчера, дете било нападнато од страна на негов соученик во основно училиште во Чаир.

Случајот бил пријавен од мајката на нападнатото момче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.