Skip to main content
Балкан

Наставата во Грција откажана поради обилен снег

12/01/2026  18:00

Грчките училишта се затворија поради обилниот снег кој ја зафати земјата. Има и целосен прекин на сообраќајот на грските острови Крит, Лимнос, и Лезбос.

Во текот на изминатата ноќ снег наврна на полуостровот Халкидики, како и на островите Лимнос, Лезбос, Хиос, Споради, како и на Евбеја и Крит.

Наставата во многу училишта е исто така откажана и таму каде што е можно, се одвива онлајн