
Вчера нешто по полноќ, жена од скопско пријавила во полиција дека во два наврата била нападната од нејзиниот сопруг, кој нападнал и минувач кој се вмешал и сакал да ја одбрани, соопшти МВР.
„На 21.05.2025 во 00:28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице. Исто така, истиот ден во 18:40 часот таа пријавила дека на паркинг-простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.