
57-годишна жена од Кочани пријавила во полиција дека во нејзиниот дом, во 2:30 наутро дошла жена која ја нападнала користејќи метален предмет, соопшти МВР.
„На 23.01.2025 во 09:30 часот во ПС Кочани Б.А. (57) од Кочани пријавила дека на 21.01.2025 во 02:30 часот, додека била во нејзината семејна куќа заедно со нејзините внуци, дошла Д.С.И. и физички ја нападнала, а исто така употребила и метален предмет. Според пријавеното, Д.С.И. кршела и инвентар од куќата“, велат од МВР.