Skip to main content
Македонија

Насилен упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

11/12/2025  00:51

Главниот и одговорен уредник на интернет порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, вечерва објави дека непознато лице насилно влегло во просториите на редакцијата, кои истовремено се и негов дом. Според информациите споделени на социјалните мрежи, инцидентот вклучувал насилен упад и физички напад врз уредникот.

„Сè е снимено, и нападот и упадот и насилството“, напиша Митовски на Фејсбук, додавајќи дека целиот настан е детално документиран.

Тој информираше дека полицијата реагирала брзо по пријавата и веднаш пристигнала на лице место. Во однос на мотивите, Митовски напаѓачот го опиша како „партиска будала“, најавувајќи дека случајот ќе биде истеран до крај и дека ќе има правна разрешница.

Инцидентот се случил во живо, за време на емитувањето на емисијата „Тешки муабети“. По завршувањето на полициските процедури и увидот, Митовски најави дека редовната програма на „Инфомакс“ ќе продолжи со работа.