Skip to main content
Македонија

Наплаќале за одржување на зграда, а не ги исполнувале условите за лиценца

22/03/2025  08:59

Регулаторната комисијата за домување донесе Решение за одземање на лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради.

Сега во рок од осум дена компанијата треба да ја врати лиценцата, а договорот со зградата се смета за еднострасно раскинат.

„До Регулаторна комисија за домување да достави доказ за секој објект за подмирени обврски а согласно член 30 од Законот за домување, односно управителот е должен да изготви завршен извештај за своето работење кој содржи и детален финансиски извештај, на денот на престанување на договорот за вршење на управувачки услуги. Средствата евидентирани на сметката на денот на престанување на договорот управителот е должен да ги пренесе на сметката за резервен фонд, што за станбената зграда ја отворил новиот управител во рок од осум дена“, се вели во одлуката.

Разговаравме со дел од станарите кои ги користеле услугитена компанијата.

Тие велат дека воопшто не биле задоволни од услугите, но не знаеле дека нивната фирма за одржување на зградата не ги исполнува условите за да поседува лиценца.

Во конректниот случај лиценцата е одземена поради прекршување на член 10, кој предвидува да се има најмалку три вработени лица во компанијата.