Skip to main content
Хроника

Цело семејство нападнато во скопски Аеродром

23/09/2025  20:08

Во СВР Скопје, 33-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, неговите сопруга и едногодишна ќерка, физички биле нападнати од женско лице.

Напаѓачката употребила тврд предмет, а подоцна и со остар предмет упатувајќи им закани кон нив.

Според пријавеното, кога таткото се обидел да ги заштити, бил нападнат од машко лице кое употребило тврд предмет.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.