Skip to main content
Хроника

Нападната екипа на Итна помош во Скопје: Медицински тим констатирал смрт кај жена, сопругот и братот се заканувале

10/02/2026  16:05

Сопругот и братот на почината жена упатувале закани кон екипа на Итната медицинска помош, откако лекар констатирал смрт кај жената во семеен дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициското соопштение, случајот бил пријавен на 10 февруари 2026 година околу 02:45 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош. Екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач пристигнала на адресата по претходен повик за укажување лекарска помош на женско лице, но по извршениот преглед била констатирана смрт.

„По констатирањето на смртта, сопругот на починатата Е.Б.(40) и нејзиниот брат Б.Н.(39), двајцата од Скопје, упатиле закани кон медицинскиот тим“, соопштија од МВР.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.