Skip to main content
Хроника

Нападнат ученик и 19-годишна девојка среде бел ден во Скопје

19/11/2025  13:42

Во два одделни инциденти, вчера, биле нападнати ученив во училиштен двор, како и девојка во Аеродром.

Имено, во вторникот, во 18:20 часот во СВР Скопје, Л.И.(19) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 14:30 часот во СВР Скопје, Р.К.(40) пријави дека на 15.11.2025 околу 15 часот во двор од основно училиште во с.Љубош, општина Студеничани, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, додека друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.