
Во СВР Скопје на 14 декември 2025 година во 12:30 часот, Н.С. (49) од Скопје пријавила дека претходната вечер, околу 20:30 часот, на подрачјето на Центар, нејзиниот 13-годишен син и уште тројца негови другари биле физички нападнати од група малолетници.
Според пријавата, напаѓачите претходно им побарале пари, а за време на нападот едно од лицата употребило и тврд предмет. По инцидентот, случајот бил пријавен во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот.
