Неколку лица се повредени денеска во напад со нож во Тел Авив, соопшти израелската полиција.
Нападот се случил на улицата Левонтин, објави дневниот весник „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на полицијата. Полицијата соопшти дека вооружен цивил го застрелал и убил Палестинецот кој тешко ранил маж во нападот со нож.
Во меѓувреме, израелската телевизиска агенција КАН објави дека неколкуте жртви се во критична состојба.