Skip to main content
Хроника

Напад со нож во струшко, едно лице тешко повредено

20/12/2025  17:27

На 19.12.2025 во 15:27 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Драслајца, едно лице физички и со нож го нападнало И.С.(33) од селото Ложани.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга за укажување на помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.